Национален советник за застапување - Tenders Global

Национален советник за застапување

  • Contract
  • Skopje
  • Posted 7 months ago

SOS Children’s Villages International

tendersglobal.net

 

Придружете се на нашиот тим како Национален советник за застапување!

 

СОС Детско село Северна Македонија бара посветен поединец кој ќе ја исполни улогата на Национален советник за застапување.

 

Локација: ул. Ристо Шишков бр.31, Центар, Скопје

 

Клучни обврски:

  • Развој на програми: Застапување на детските права, стратешко планирање, развој на кампањи итн
  • Развој на човечки ресурси: Идентификува и одговара на потребите за градење капацитети во организацијата во однос на правата на децата и застапувањето.
  • Истражување и управување со знаење: Се информира за националните/меѓународните трендови во политиките за заштита на децата и придонесува во истражувачки проекти.
  • Градење партнерства: Воспоставува и одржува партнерства за ефективно претставување и соработка.
  • Известување: Подготвува и поднесува редовни извештаи за активностите за застапување и развојот на програмата.
  • Посветеност на политиките за безбедност и заштита на децата, законот за заштита на лични податоци и прописите за здравје и безбедност

 

 

Што е потребно?

  • Високо образование во општествени или хуманистички науки (на пример, социјална работа, психологија, педагогија)
  • Силни комуникациски и аналитички вештини
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење)
  • Познавање на компјутерски вештини
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Што нудиме?

  • Конкурентна плата
  • Можности за професионален развој
  • Работно време 8:00 – 16:00 или 9:00 – 17:00 часот
  • 1 ден во неделата работа од дома

 

Ако сте подготвени да направите разлика и да се залагате за правата на децата, аплицирајте веднаш!

Придружете ни се во нашата мисија да обезбедиме љубов, грижа и заштита на децата на кои им е потребна!

Apply
To help us track our recruitment effort, please indicate in your cover/motivation letter where (tendersglobal.net) you saw this job posting.

Job Location