Стручен соработник за поддршка на згрижувачки семејства - Tenders Global

Стручен соработник за поддршка на згрижувачки семејства

SOS Children’s Villages International

tendersglobal.net

 

Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.

     Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.

СОС Детско село Северна Македонија го проширува својот тим во нова канцеларија во

Струмица (2 позиции)

Скопје (1 позиција) 

      Имаме потреба од социјални работници или психолози, педагози и специјални едукатори/рехабилитатори кои ќе работат како поддршка на згрижувачките        семејства.

Клучни одговорности: 

  • Стручните соработници ќе учествуваат во проценка на кандидатите за згрижувачко семејство и ќе спроведуваат советувања согласно проценети потреби;
  • Ќе вршат редовен увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на корисникот во згрижувачко семејство;  
  • Ќе одржуваат редовна комуникација со згрижувачките семејства и ќе ја координираат мрежата за поддршка за згрижувачките семејства;  
  • Ќе одржуваат редовна комуникација со Центрите за социјална работа за потребите на згрижувачките семејства, старателот и водителот на случај за сместен корисник;
  • Ја водат имплементацијата на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.  

Што е потребно? 

  • Високо образование во областа на социјална работа и политика (опционално: психолог, педагог, специјален едукатор/рехабилитатор); 
  • Работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита);  
  • Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство;  
  • Познавања на детските права; 
  • Активно познавање на работа на компјутер;
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Услови за работа:  

  • Работа на неопределено време (прв договор во траење од 1 година, со можност за продолжување)
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, тим билдинг)

Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 21.04.2024 година.

Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим. Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува. 

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите! 

Apply
To help us track our recruitment effort, please indicate in your cover/motivation letter where (tendersglobal.net) you saw this job posting.

Job Location